Достапни линкови

Карзи:Авганистан нема потреба од војниците на САД


Авгaнистанскиот претседател Хамид Карзаи во неговото последно обраќање пред Парламентот рече дека безбедносните сили на Авганистан може да го одржат редот и оти САД може да ги повлечат сите свои војници. Карзаи денеска пред Парламентот рече дека вооружените сили на Авганистан веќе заштитуваат 93 проценти од земјата и оти се подготвени да ја преземат целосно безбедноста,по повлекувањето на странските сили оваа година. Карзаи нема право да се кандидира за трет мандат и ќе се повлече по претседателските избори следниот месец.Тој повтори денеска оти нема да го потпише Билатералниот договор за безбедност со САД, кој обезбедува правна основа мал број странски војници да останат во Авганистан по 2014 година. Сите претседателските кандидати се изјаснија дека тие ќе го потпишат договорот.
XS
SM
MD
LG