Достапни линкови

Турчинов - Кремљ стои зад насилствата во источните градови


Привремениот претседател на Украина Олександер Турчинов ја обвини Москва дека стои зад насилствата што се случија во источните делови на Украина во последните две ноќи. Tурчинов денеска во Парламентот изјави дека агенти на Кремљ, во Донецк и Харков организираат и финансираат масовно про-руски протести .Министерот за внатрешни работи Арсен Aвакхов потврди денеска дека две лица загинаа, а неколку се повредени во престрелка меѓу про-руските и про-украинските поддржувачи во Харков во текот на ноќта во петокот.
XS
SM
MD
LG