Достапни линкови

Украина: Парламентот гласаше за распуштање на Кримското Собрание



Украинскиот парламент во Киев гласаше за распуштање на Кримскиот Врховен совет, Регионалниот парламент во Украина . Огромното мнозинство од 278 пратеници гласаа „за“ а еден беше воздржан. Седумнаесет пратеници не учествуваa нa гласањето. Парламентот на Киев дебатираше за ова прашање денеска на посебна седница со која претседаваше привремениот претседател на државата и претседател на парламентот Олександар Турчинов . Пратениците во Киев се вознемирени од одржувањето на референдумот за тоа дали Крим да се присоедини кон Русија, закажан за утре. Украинската влада го прогласи референдумот за нелегален. Еден украински националистички лидер во Киев изјави дека Кримското собрание мораше да биде распуштено со цел да се обесхрабрат слични сепаратистички движење во источно украинските градови кои се претежно со руско малцинство.
XS
SM
MD
LG