Достапни линкови

logo-print

Доволно докази за да се осуди зетот на Бин Ладен


Американскиот судија во Окружниот суд Луис Каплан изјави дека мисли оти има повеќе од доволно докази да се осуди Сулејман Абу Гаит, зетот на Бин Ладен и портпарол на Ал-Каеда, кој се товари за заговор да се убиваат Американци. Каплан вчера го одби барањето на одбраната да се откаже од случајот. Тој речедека доказите против Сулејман Абу Гаит се "драматично повеќе од само доволни" за тој да биде прогласен за виновен. Но, судијата додаде дека поротниците се тие што треба да одлучат. Одбраната треба да започне в понеделник.
Абу Гаит е најистакнат претставник на Ал Каеда што треба да се соочи со судење во САД по нападите на 11 септември. Тој се изјасни дека не е виновен.
XS
SM
MD
LG