Достапни линкови

logo-print

Двајца загинати во насилствата во Украина


Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Aвакхов потврди дека две лица загинале , а неколку други биле повредени во престрелка во источниот украински град Харков во петокот. Aваков на својата Фејсбук страница напиша дека околу 30 лица биле приведени синоќа.Идентитетите на загинатите не е наведен. Aваков додаде дека еден полицаец бил сериозно повреден и дека било запленето оружје. Тој рече дека истрагата е во тек. Насилството доаѓа еден ден по судирите во источниот град Донецк кога еден про-украинскиот демонстрант загина, а неколку други лица беа повредени.
XS
SM
MD
LG