Достапни линкови

СБ на ОН се очекува да гласа за поддршка на територијалниот интегритет на Украина


Советот за безбедност на ОН се очекува денеска да гласа за резолуцијата за почитување на територијалниот интегритет на Украина. Во нацртот што е подржан од САД , исто така, се наведува дека референдумот в недела за присоединување на Крим кон Русија "може да нема важност." Поддржувачите се свесни дека е речиси сигурно оти Русија ќе стави вето на резолуцијата. Меѓутоа, американскиот амбасадор во ОН Саманта Пауер рече дека ова има цел да покаже оти Русија со нејзината изолација не тежнее кон мирен пат. Поддржувачите се убедени дека 13 од 15 те членки на Советот, ќе гласаат "за " а се надеваат дека Кина, која е близок сојузник на Русија, ќе биде воздржана. Како и да е состанокот во Лондон вчера меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не успеа да го одложи референдумот.
XS
SM
MD
LG