Достапни линкови

Времето денеска - сончево и потопло


Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а преку ноќта ќе се промени правецот во северозападен.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево и потопло, со слаб југозападен ветер кој во ноќните часови ветерот ќе се промени во северозападен. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

В недела и в понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, засилување на ветерот од северозападен правец и благо опаѓање на дневната температура, а од вторник повторно се очекува сончево и потопло време.
XS
SM
MD
LG