Достапни линкови

logo-print

Некој стои зад исчезнувањето на малезискиот авион?


Неименуван американски претставник денеска изјавил дека се истражува можноста некој да го предизвикал исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс со 239 патници и членови на екипажот, што според него, е пиратство. Тој како клучен доказ за можната човечка интервенција го наведува стопирањето на контактот неколку минути пред да откаже системот на сигнално поврзување со авионот кој летал на релација меѓу Куала Лумпур и Пекинг. Авионот емитувал сигнал до еден сателит и четири часови откако бил загубен контактот со пилотот. Во таков случај е можно авионот да слетал некаде.
XS
SM
MD
LG