Достапни линкови

Кери: Вашингтон е против референдумот на Крим


„Референдумот на Крим е во спротивност со меѓународното право и Вашингтон и меѓународната заедница нема да го прифатат резултатот“. Ова денеска во Лондон го изјави американскиот државен секретар Џон Кери кој додаде дека за ова прашање шест часови разговарал со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Кери предупреди дека ќе има последици доколку Русија се инволвира во Украина. Кери додаде дека распоредувањето на руските трупи засега ќе било замрзнато и најави дека неговите контакти со Лавров ќе продолжат и во наредните денови. Според Кери, рускиот претседател Владимир Путин не бил подготвен да донесе некаква одлука за Крим се до по одржувањето на неделниот референдум.
XS
SM
MD
LG