Достапни линкови

logo-print

Аксионов: И источна Украина да распише референдум


Самопрогласениот проруски премиер на Крим Сергеј Аксионов денеска ги повика граѓаните од источна Украина да одржат свој референдум за приспојување кон Русија. Тој ова го изјави на прес конференцијата пред најавениот сличен референдум в недела на Крим што е поддржан од Москва, но не и од Киев и поголемиот дел на меѓународната заедница. Според Аксионов, Крим би можело да се присоедини кон Русија во рок од една година по одржувањето на референдумот.
XS
SM
MD
LG