Достапни линкови

logo-print

Македонија и натаму без зимски туризам


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во јануари имало помалку туристи од истиот месец лани, што е далеку под очекувањата, но од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот реагираат дека Македонија не е ски-дестинација.

Вкупниот број на туристи кои престојувале во Македонија во јануари бележи намалување во однос на истиот месец лани, што се должи на осетно намалениот пад на домашните туристи, за 5, а на странски за 0,2. Во јануари имало 30.836 туристи, што е далеку под очекувањата за овој месец, но од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот реагираат дека Македонија не е ски-дестинација.
Јануари е месец којшто во принцип не е репер да се коментира дали има или нема причини за намалување. Ќе треба да почекаме да видиме еден квартален извештај.

„Јануари е месец којшто во принцип не е репер да се коментира дали има или нема причини за намалување. Ќе треба да почекаме да видиме еден квартален извештај и да ги анализираме причините тогаш ако имаме намалување во едно тромесечје. Ние не сме ски-денстинација, сè уште не сме ски-дестинација за да можеме да ги утврдуваме во моментов причините со оглед на тоа што јануари е зимски месец“, изјави Кристијан Џамбазовски.

Ако се погледнат саемите каде што се претставуваме, ние Македонија ја претставуваме како Охрид. Зима не се споменува, бањски туризам не се споменува, планински туризам, пешачење, планинарење, велосипедизам, ние го немаме тоа во нашите понуди, за жал.
Сепак, изјавите не се совпаѓаат со она што претходно се кажуваше во текот на зимската сезона. Од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот најавуваа дека работат и во делот на промоцијата и овозможување поволни услови за инвестирање на странски и домашни компании во луксузни објекти и ресорти, онакви какви што има во соседните земји за да конкурираат на меѓународниот пазар.

Податоците на Државниот завод за статистика дека во јануари бројот на туристи е намален за 2,9 проценти не ги изненади македонските туристички работници кои се свесни дека во текот на сезоната имало значително помалку туристи.

„Точно е дека е намален бројот оваа година. И кај нас, во хотелот Маврово конкретно, е намален за некои 30-тина отсто во јануари. Домашни гости се скроз намалени, бидејќи домашните гости конечно сфатија дека за зимување треба да се плати и таму каде што се нуди зимувањето, каде што има снег“, изјави Нехар Селим.

Без вештачки снег и вложување во инфраструктурата, понудата има слабости, но туристичките работници најмногу реагираат дека недостасува популаризација, нагласувајќи дека тоа на нашите зимски центри им е потребно.

„Ако се погледнат саемите каде што се претставуваме, ние Македонија ја претставуваме како Охрид. Зима не се споменува, бањски туризам не се споменува, планински туризам, пешачење, планинарење, велосипедизам, ние го немаме тоа во нашите понуди, за жал. Нашите планини се преубави, а ја немаме таа категорија на луѓе“, вели Селим.

Упатените дополнуваат дека освен што недостасува популаризација, зимскиот туризам треба да се прилагоди на новите барања како што тоа го направија многу земји во своите ски-центри.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG