Достапни линкови

Србија пред најизвесни избори од Милошевиќ


На полноќ во Србија почна молкот пред неделните вонредни парламентарни избори. Тие се разликуваат од досегашните поради отсуството на неизвесност кога станува збор за победникот. Но, тоа не може да се каже и за тоа кој ќе се избори за партнер на Српската напредна партија на Александар Вучиќ.

Отворено или тајно за тоа место се нудат скоро сите партии кои учествуваат на парламентарните избори, освен Демократската, која впрочем не ја сака ни Александар Вучиќ, чија Српска напредна партија се смета за сигурен победник.
Ако се остварат прогнозите дека „напредњаците“ ќе имаат многу висок резултат, тие ќе можат да формираат влада и со некоја партија која не ни втора ни третта, туку има доволно гласови да го исполни она што им треба.

Мала неизвесност има околу редоследот на партиите кои можат да го постигнат потребниот цензус за влез во српскиот парламент. Според анкетите, тоа сега единствено им е сигурно на социјалистите на премиерот Ивица Дачиќ.

Но, како што сметаат аналитичарите, освоеното второ место, не значи дека им се обезбедни фотелји во идната влада.

„Ако се остварат прогнозите дека „напредњаците“ ќе имаат многу висок резултат, тие ќе можат да формираат влада и со некоја партија која не ни втора ни третта, туку има доволно гласови да го исполни она што им треба“, вели за Радио Слободна Европа, Светлана Логар, од Ипсос Стратеџик маркет.

Новата демократска партија може да биде дел од владата, а може да биде и дел од опозицијата. Ќе видиме што ќе решиме.
Социјалистите, досегашните владини партнери на Српската напредна партија, очекуваат коректната соработка да продолжи и по неделните избори.

Слични очекувања имаат и некои од партиите кои прозлегоа со делењето на некогашната многу силна Демократска партија на Србија.

„Новата демократска партија може да биде дел од владата, а може да биде и дел од опозицијата. Ќе видиме што ќе решиме“, изјави деновиве екс претседателот Борис Тадиќ.

Од некогашните победници во уривањето на режимот на Слободан Милошевиќ, односно на силите кои в недела би требало да постигнат најдобра резултат, главна алетрантива им е Демократската партија на некогашниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас.

„Токму таа неизвесност околу минувањето на цензусот што ги карактеризира политичките партии кои секогаш беа учесницици на парламентарниот живот е еден од главните моменти на овој изборен процес“, вели аналитичарот Дејан Вук Станковиќ, кој смета дека таа неизвесност од изборите е резултат од разочарувањето кај граѓаните од политичарите, со оглед на тоа што Србија е земја на неуспешна транзиција.

Со него се согласува и Светлана Логар:

„Граѓаните се малку уморни и од избори и од сите наводни промени кои не донесоа никакви потребни резултати во последните дваесет години“, вели Логар.

В недела во Србија се одржуваат вонредни парламентарни и локални избори за Белград и неколку други градови. Тоа се седми вонредни избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во земјата.

Собранието го сочинуваат 250 пратеници. Се проценува дека на неделните избори ќе излезат 55 насто од шесте милиони и 700 илјади луѓе со право на глас во Србија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG