Достапни линкови

Во Србија почна предизборниот молк


Во Србија ноќеска на полноќ почна молкот пред вонредните парламентарни избори што се одржуваат в недела. Тој ќе трае до недела во 20 часот, кога се затвораат избирачките места.
За време на предизборниот молк забранета е изборна пропаганда, одржување на јавни собири и објавување на проценки на изборните резултати. На гласачките места и на 50 метри од нив забрането е истакнување на партиски симболи и друг пропаганден материјал.
Парламентарните избори се одржуваат неполни две години по претходните, а в недела се избираат и локалните власти во главниот град Белград.
XS
SM
MD
LG