Достапни линкови

Авганистан: активности против милитантната мрежа Хакани


Генерал Џозеф Данфорд

Генерал Џозеф Данфорд

Главниот американски командант во Авганистан изјави дека сојузничките и авганистанските сили се повеќе фокусирани врз потрага по милитантната мрежа Хакани, која се закани дека ќе ги попречи претседателските избори во април. Генерал Џозеф Данфорд изјави дека целта на САД е финансирањето на групите и слободата на движење. Тој додаде дека милитантите на Хакани биле поактивни во последните неколку месеци.
Оваа мрежа е обвинета за некои од најголемите напади во Авганистан. Американски претставници постојано ги притискаат пакистанските власти да постапуваат поагресивно против милитантите, кои се базирани во Северен Вазиристан, Пакистан и постојано ја преминуваат границата и изведуваат напади против меѓународните сили предводени од САД.
XS
SM
MD
LG