Достапни линкови

logo-print

Фил Џексон генерален менаџер на Њујорк Никс


Најдобриот НБА тренер на сите времиња Фил Џексон се враќа на тренерската клупа. Тој вчера и официјално е поставен за генерален менаџер на Њујорк Никс, информира сајтот на НБА лигата. Според договорот, Џексон ќе заработува 15 милиони долари годишно.
Тој во својата кариера има освоено 13 шампионски прстени во најсилната светска кошаркарска лига од кои два како играч со Њујорк, шест како тренер со Чикаго Булс и пет со ЛА Лејкерс.
Со доаѓањето во Њујорк се зголемуваат шансите најдобриот играч на клубот Кармело Ентони да остане и во идните сезони, а се шпекулира со доаѓање на Коби Брајант, еден од најзаслужните за успесите и петте титули на Лејкерс, кога тренер беше токму Џексон.
XS
SM
MD
LG