Достапни линкови

Кери најави мерки против Русија во врска со Крим


Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Русија дека ќе се соочи со брз и цврст одговор во врска со референдумот на Крим за припојување кон Русија. Кери, зборувајки во комитет на Сенатот, рече дека САД и ЕУ ќе превземат серија сериозни чекори во понеделник и нема да го признаат референдумот. За утре во Лондон е најавена средба на Кери со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во последен обид да ги смират тензиите во врска со Крим.
XS
SM
MD
LG