Достапни линкови

logo-print

Јавно обвинителство превзело мерки за случајот "Актор"


Јавното обвинителство покрена преткривична постапка за случајот „Актор“ и донесена е времена мерка за блокирање на имотот и сметките на две трговски друштва во Македонија.
- Од Управата за спречување перење пари синоќа е доставен извештај до Основното јавно обвинителство за сомнителни трансакциии и е поднесен предлог до надлежен суд за блокирање на имот на одредени трговски друштва и сметки за кои е веќе изречена времена забрана, изјави државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Министерството за внатрешни работи.
Тој додаде дека Јавното обвинителство интензивно постапува и од аспект на трговските друштва и од аспект на лицата кои се вклучени.
Министерката Гордана Јанкулоска, осврнувајќи се на обвинувањата од СДСМ за овој случај, рече дека има премногу коинциденции за да може да се оквалификува ваквиот настап на опозицијата како случајност.
XS
SM
MD
LG