Достапни линкови

Путин: Русија не ја иницираше кризата на Крим


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи каде што се одржуваат Зимските параолимписки игри изјави дека Москва не треба да се обвинува за кризата на Крим. “Би сакал да истакнам дека Русија не ги иницираше условите и состојбата со која се соочуваме сега“, оцени Путин. Руски сили се на Крим каде што в недела треба да се одржи референдум за приклучување кон Русија. Украинските и западните лидери референдумот го оценија за незаконски.
XS
SM
MD
LG