Достапни линкови

Македонски државјани уапсени во Хрватска за шверц на марихуана


Повеќе од 12 килограми марихуана биле пронајдени и запленети во автомобил на 22-годишен македонски државјанин, кој освен дрога, во Хрватска илегално превезувал и двајца сонародници, соопшти денеска хрватската полиција. При претресот на автомобилот со словенечка регистрација, кој бил запрен по полноќ на автопатот Загреб-Липовац, дрогата била пронајдена во три патни торби. За двајцата патници во автомобилот било утврдено дека во хрватска влегле незаконски, јавува хрватската агенција Хина.
XS
SM
MD
LG