Достапни линкови

Јацењук во Советот за безбедност на ОН


Украинскиот премиер Арсениј Јацењук

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска ќе има обраќање во Советот за безбедност на Обединетите нации за кризата на Крим. Се очекува тој да повтори дека планираниот неделен референдум на Крим е незаконски и оти претставува кршење на територијалниот интегритет на Украина. Јацењук деновиве предупреди дека кризата на Крим ќе има последици и надвор од Украина. Во меѓувреме денеска во Киев украинскиот парламент едногласно го изгласа предлогот на привремениот претседател Олександар Турчинов за создавање национална гарда и за мобилизирање резервисти и доброволци во украинските вооружени сили.
XS
SM
MD
LG