Достапни линкови

Во Ел Салвадор тесна победа на претседателските избори


Салвадор Санчез Серен

Салвадор Санчез Серен

Врховниот изборен суд на Ел Салвадор денеска соопшти дека кандидатот на левицата Салвадор Санчез Серен е побединик на претседателските избори што се одржаа во неделата. Тој добил 50,1, додека неговиот ривал кандидатот на конзервативците Норман Кијано, 49,9 насто од гласовите. Судот соопшти дека разликата меѓу двајцата кандидати била помала од 7 илјади гласови. 69 годишниот Серен е прв екс бунтовнички кандидат кој ќе биде претседател на Ел Салвадор. Кијано побара поништување на резултатите поради неправилности на изборите.
XS
SM
MD
LG