Достапни линкови

logo-print

Две лица загинаа на протестите во Истанбул


Демонстрант им подлегнал на повредите, а полицаец починал од срцев удар за време на вчерашните антивладини протести во Истанбул. Две групи ја нападнаа полицијата и едно момче беше повредено во главата, по што им подлегна на повредите, соопштија локалните власти. Во округот Тунџели, каде што, исто така, се одржуваа протести, еден полицаец починал од срцев удар. Во неколку турски градови вчера дојде до судири по погребот на 15 годишниот Беркин Елван. Момчето почина во болница во Истанбул, откако девет месеци беше во кома по повредата здобиена за време на ланските протести. Истанбулската полиција вчера употреби водени топови, солзавец и гумени куршуми, со цел да спречи десетици илјади демонстранти да стигнат до плоштадот Таксим.
XS
SM
MD
LG