Достапни линкови

Забележаните траги не биле од малезискиот авион


Претставници на цивилните воздухопловства на Малезија и на Виетнам соопштија дека не биле откриени никакви траги од исчезнатиот малезиски авион откако снимки на еден кинески сателит покажале дека тоа би можело да бидат делови на леталото. Авионот на Малезија Ерлајнс со 239 патници и членови на екипажот исчезна во саботата на летот од Куала Лумпур до Пекинг. Авиони и бродови на неколку земји безуспешно се во потрага по авионот. Весникот „Вол стрит џурнал“ цитира двајца луѓе вклучени во истрагата кои велат дека авионот најверојатно бил во воздух уште четири часови по последното пријавување на неговата локација.
XS
SM
MD
LG