Достапни линкови

Истекува рокот за доставување на претседателските кандидатури до ДИК


Вечерва на полноќ истекува рокот политичките партии до Државната изборна комисија (ДИК) да ги достават кандидатурите за претседателските избори.
Кандидатите се веќе познати и потврдени од партиите - актуелниот претседател Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Илијаз Халими од ДПА, Зоран Поповски од ГРОМ и Стево Пендаровски од СДСМ.
Според информациите од ДИК, досега се доставени кандидатурите на Иванов, Поповски и на Халими. Како што најавија од СДСМ, кандидатурата на Пендаровски ќе биде поднесена денеска, а е поддржана од сите пратеници на партијата и нивните коалициски партнери.
XS
SM
MD
LG