Достапни линкови

Генералниот секретар на ООН ги осуди ракетните напади врз Израел од појасот Газа


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун го осуди ракетните напади против Израел од појасот Газа. Прес-службата на Бан вели во изјавата дека тој "силно ги осудува ракетните напади врз Израел од Газа, за кои Исламски џихад ја презеде одговорноста." Бан, исто така, ги повика сите страни да демонстрираат максимална воздржаност за да се спречат понатамошни инциденти кои би можеле да донесат поголема ескалација на конфликтот. Израелската армија соопшти дека бомбардирале 29 цели во појасот Газа откако палестинските милитанти од крајбрежниот појас фрлија 60 ракети во Израел.
XS
SM
MD
LG