Достапни линкови

Претседавачот на ОБСЕ и Путин разговараа за Украина


Претседавачот на ОБСЕ Дидие Буркхалтер во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир ја истакна важноста од распоредување на набљудувачи на ОБСЕ во Украина, соопшти меѓународната организација со која претседава
Швајцарија. Буркхалтер рече дека е важно брзо да се постигне консензус за
распределбата на набљудувачите на ОБСЕ во Украина, што ќе придонесе за
безбедноста на малцинства, се вели во соопштението. Двајцата официјални претставници разговарале и за можноста за воспоставување на Контакт групата за Украина и начините на смирување на кризата во земјата.
XS
SM
MD
LG