Достапни линкови

Вашингтон застана зад Украина за Крим


Во знак на поддршка, американскиот претседател Барак Обама се сретна со украинскиот премиер Арсениј Јацењук во Белата куќа. Обама му рече на украинскиот премиер дека Вашингтон ќе застане зад Украина во знак на обезбедување на нејзиниот територијален интегритет и се спротивстави на планираниот референдум на Крим кој би можел да доведе до анексија на овој регион од страна на Русија. Тој, исто така рече дека Русија ќе „плати дополнителна цена“доколку рускиот претседател Владимир Путин не го смени курсот околу Украина. Јацењук рече дека неговата влада е подготвена да разговора, но дека "никогаш нема да се предаде" во борбата за заштита на суверенитетот на Украина.
XS
SM
MD
LG