Достапни линкови

ДИК - кандидатури на Иванов, Поповски и Халими


Државна изборна комисија

Државна изборна комисија

До Државната изборна комисија досега се доставени кандидатурите на Ѓорге Иванов, на Зоран Поповски и на Илијаз Халими за претстојните претседателски избори, закажани за 13-ти април.
Претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне ја поднесоа кандидатурата за Иванов поддржана со над 63 илјади потписи од граѓани, како и со потписи од пратеничката група на коалицијата За подобра Македонија.
Кандидатурата за Зоран Поповски од ГРОМ со поддршка од 10 илјади потписи е поднесена вчера, а попладнево до ДИК кандидатура поддржана исто така од 10 илјади граѓани доставена е за кандидатот на ДПА Илијаз Халими.
Се очекува до утре на полноќ кога завршува рокот за поднесување кандидатури за претседателските избори, тоа да го направи и СДСМ за нивниот кандидат Стево Пендаровски.
XS
SM
MD
LG