Достапни линкови

logo-print

Погреб и судири со полицијата во Турција


Десетици илјади граѓани, скандирајќи пароли против Владата, во во центарот на Истанбул минуваа во погребна поворка за 15-годишниот Беркин Елван, кој вчера почина по девет месеци поминати во кома.

Тие се судрија со полицијата исто како и во Анкара при што турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера неколкуте илјадници демонстранти на централниот плоштад.

Насобраните граѓани во Турција протестираат поради смртта на тинејџерот Елван, кој им подлегна на повредите здобиени за време на минатогодишните антивладини протести.
XS
SM
MD
LG