Достапни линкови

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ - размена на соопштенија


Лира Секуловска е вработена во СЕП во време на Радмила Шекеринска, стои во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. СДСМ имено во пишаната реакција на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО - ДПМНЕ посочува дека личноста што денеска ја спомнал не работела во Секторот за европски интеграции во време на владата на СДСМ туку во периодот на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Набавката која пет дена ја влечат низ медиумите ниту ја извршила заменик претседателката Шекеринска, ниту е направена до 2006 година. Од ВМРО - ДПМНЕ пак ја повикуваат Шекеринска да одговори за непотизмот кој бил присутен во СЕП додека таа го раководела со секторот.
XS
SM
MD
LG