Достапни линкови

Изумителот на интернетот бара Магна карта за слободата на веб говорот


Тим Бернерс - Ли

Тим Бернерс - Ли

Изумителот на интернетот, Тим Бернерс-Ли, повика на создавање Магна карта за заштита на слободата на говорот на World Wide Web и правата на корисниците по протекување на информации поради надзорите на владите врз онлајн активноста.

Говорејќи на 25-годишнината од неговиот изум, Бернерс-Ли, изрази надеж дека ќе предизвика глобалната дебата за потребата да се бранат принципите кои придонесоа за успешноста на интернет.

Тој рече дека постои потреба за договор во стилот на историската англиска Магна карта за да се заштити отвореноста и неутралноста. Бернерс-Ли за Гардијан изјави дека интернетот е под зголемен нападот од страна на владите и корпорациите.

Тој предупреди и на растечката цензура во земји, како Кина, што е закани на иднината на демократијата.
XS
SM
MD
LG