Достапни линкови

Младите од партиите за фер и демократски избори


Илустрација

Илустрација

Организирање достоинствена кампања, фер и демократски избори без заплашувања, уцени, навреди и клевети на политичките неистомисленици, како и без притисоци за гласањето врз граѓаните, се само дел од заложбите на кои денеска се обврзаа подмладоците на политичките партии во Македонија. Потпишаа Декларација за слободни и фер избори, активност што ја организира Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид.
Декларацијата, порачаа претседателите на младинските организации по потпишувањето, не смее да биде само парче хартија што брзо ќе се заборави, туку принцип, начин на однесување кој ќе демонстрира висока политичка култура.
- Изборите се еден од најзначајните демократски тестови за државата, а младите политичари се клучни за добивање висока оценка на овој процес. Носат огромен интелектуален капацитет, имаат сила и одговорност, подготвени се да докажат дека не се само безгласна буква, туку движечка сила која може да влијае во сите општествени сфери, истакна Билјана Јанева, извршен директор на Институтот, образложувајќи ги обврските содржани во Декларацијата.
Подмладоците на партиите беа едногласни дека изборите се основен предуслов за една земја да се нарече демократска. Потребна е, додадоа, здрава конкуренција меѓу политичките партии без приземна и ниска реторика.
XS
SM
MD
LG