Достапни линкови

Кој и како го води Синдикатот за сообраќај?


Илустрација.

Илустрација.

Поранешниот и сегашниот претседател на Синдикатот за сообраќај и врски меѓусебно се обвинуваат. Поранешниот обвинува дека незаконски е сменет, сегашниот го тврди спротивното.

Незаконски и нелегитимно е избран новиот претседател на Синдикатот за сообраќај и врски, обвинува поранешниот вршител на функцијата Мичо Стојановски. Според него, направен е упад и тој заедно со Републичкиот одбор бил сменет на дрзок начин. Тој го повикаа претседателот на Сојузот на Синдикати Живко Митревски доколку не е инволвиран во случајот да ја спречи неправдата согласно неговите ингеренции.
Jас тука не сакам да напаѓам никого, меѓутоа сакам да кажам дека ако се почитува уставот на Синдикатите, а тоа е Статутот, тогаш не дека е незаконски, туку е криминален и безобразен чин.

„Одржано е едно нелегално собрание и од едно нелегалното собрание не е пратен никаков допис до нас, туку одлуките оделе преку други институции, значи јас тука не сакам да напаѓам никого, меѓутоа сакам да кажам дека ако се почитува уставот на Синдикатите, а тоа е Статутот, тогаш не дека е незаконски, туку е криминален и безобразен чин и ние тоа ќе пробаме да го докажеме преку институциите на системот. Ќе ги инволвираме судовите, па мислам дека правдата ќе биде на нашта страна.“
Илустрација.

Илустрација.


Освен тужба, Стојановски го обвини новиот претседател Методија Димевски и уште еден негов соработник за финансиски малверзации.

„Не сакам да го споменам името на човекот којшто минатата година од сметката на синдикатот префрли 430 илјади денари на приватна сметка. Не сакам да го споменам ни другиот колега од контрола на летање кој минатата година од синдикалната сметка префрли 56 илјади евра на приватни сметки.“
Господинот Мичо Стојановски врши упади во синдикалните организации, прави раздор во синдикалните организации, им прави штета, со тоа прави раздор во синдикалните организации и прави штета.

Причината за неговата смена Стојановски ја лоцира во тоа што синдикатот досега не застанал да работи за нечии интереси, туку само за членството. Но, Димевски го тврди спротивното и притоа вели дека има документи кои го инкриминираат Стојановски.

„Значи тие луѓе се изманипулирани. Кога ќе им ги покажеме сите финансиски документи, како се работело и да ги запознаеме како човекот вади 1,5 милион од сметки, како фалат 250 илјади, како се платени парите од завршна сметка од 180 илјади.“

Димевски додава дека проблемите во синдикатот постојат повеќе од една година.

„Господинот Мичо Стојановски врши упади во синдикалните организации, прави раздор во синдикалните организации, им прави штета, исто така можам да кажам дека блокира сметки без никаква најава, прави упад во нив, со тоа прави раздор во синдикалните организации и прави штета.“

Димевски тврди дека Стојановски бил известен за вонредното Собрание на кое, како што вели сите делегати гласале за негова смена. Синдикатот за сообраќај и врски има 2.500 членови.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG