Достапни линкови

Нови анти-владини демонстрации во Турција


Истанбул, 11.03.2014

Истанбул, 11.03.2014

Неколку илјади луѓе се собрале во центарот на Истанбул за да присуствуваат на погребот на 15-годишното момче, чија смрт во вторникот предизвика анти-владини демонстрации. Беркин Елван почина од повредата пред 9 месеци, кога при судирите меѓу полицијата и демонстрантите беше погоден во глава од патрон со солзавец, по што беше во кома. Елван бил случаен минувач. Веста за неговата смрт вчера предизвика нови протести и судири со полицијата во повеќе турски градови. Претседателот АБдула Ѓул повика на воздржаност.
XS
SM
MD
LG