Достапни линкови

Полицијата апси осомничени криминалци во Куманово


Илустрација

Илустрација

Во голема полициска акција во Куманово и околината изутрината биле приведени над 10 лица осомничени за криминал како што е шверц со дрога, оружје, перење пари, лихварство.
Според првичните информации од МВР, криминалната група дејствувала од 2004 година, а најверојатно по апсењето на Бајруш Сејдиу во полициската акција „Пепел“, ја презела „неговата територија“.
Инаку, првоосомничениот во оваа полициска акција во обид да избега се качил на покрив на куќа, и подолго време одбивал да се предаде.
Од полицијата највуваат детали во текот на денот.
XS
SM
MD
LG