Достапни линкови

logo-print

Башар Ал Асад посетил расселени сиријци


Сиријскиот претседател Башар Ал Асад, во реткото јавно појавување, ги посетил расселените во кампот Адра, објави државната телевизија, не соопштувајки други детали. Адра е стратегиски регион за Дамаск и беше поприште на жестоки борби меѓу бунтовниците и владините сили. Асад последен пат беше во јавноста во јануари на молитва во џамија во Дамаск. Во три-годишниот конфликт во Сирија, според проценките, загинале над 140 илјади луѓе, околу 2,3 милиони луѓе побегнале во соседните земји, а околу 6 ипол милиони се внатрешно расселени.
XS
SM
MD
LG