Достапни линкови

logo-print

Турција-протести за солидарност со загинатиот тинејџер


Турската полиција со солзавец се обидува да ги растера демонстрантите

Турската полиција со солзавец се обидува да ги растера демонстрантите

Турската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои протестираа поради смртта на тинејџер кој по повредите на минатогодишните антивладини протести падна во кома. Повеќе од илјада луѓе протестираа пред болница во Истанбул во знак на солидарност со 15-годишниот Беркин Елван. Протести има и на централниот плоштад во Анкара каде има и повредени демонстранти.
Студентите во текот на целиот ден одржуваа мирни демонстрации во Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Ескишехир, каде ја бојкотираа и наставата. Во Окмејдан, дел од Истанбул денеска беа затворени сите продавници во знак на солидарност.
XS
SM
MD
LG