Достапни линкови

Група родители поднесе иницијатива за уставно оценување на задолжителната вакцинација на децата.

Група родители поднесе иницијатива за уставно оценување на задолжителната вакцинација на децата. Иницијативата ја подготви Стамен Филипов, кој е познат во јавноста како оспорувач на законите. Според него, проблемот е во тоа што не може да се казнуваат родителите кои нема ги вакцинираат нивните деца со тоа што ќе им биде забрането да ги запишат на училиште и да го загубат правото на детски додаток. Филипов порачува и дека законот е застарен и датира од социјализмот, а времињата се менуваат.
Ако во Уставот пишува дека секој човек одлучува дали ќе има деца или не, дотолку повеќе одлучува дали своето дете ќе го вакцинира или не на сопствен ризик.

„Ако во Уставот пишува дека секој човек одлучува дали ќе има деца или не, дотолку повеќе одлучува дали своето дете ќе го вакцинира или не на сопствен ризик. Нормално државата треба да има закон за заштита, ама да не ги казнува луѓето, да не ги обезвреднува“, вели Филипов.

Една од родителите, Ели Леловска, вели тие бараат сами да одлучуваат за судбината на своите деца и не се проблем само нус појавите, како разни неизлечливи болести, па дури и смрт.
Таа истата држава кога ќе му се случи нешто на моето дете како последица од вакцината ќе ја снема. Прво, нема да признае дека тоа е од вакцината, а да не зборуваме за трошоци за лекување. Второ, јас сакам да си одлучам дали моето дете ќе заболи од сипаници или ќе заболи од дијабетис или леукемија.

„Проблемот не се толку несаканите дејства на вакцините, проблем е поединецот да одлучува за сопственото здравје. Не може државата да се става над поединецот, оти не сме ние тука за државата, туку државата е тука за нас. Не смее државата да носи медицински одлуки во наше име, посебно не смее да носи медицински одлуки во име на нашите деца“, вели Леловска.

Таа додава дека кога детето ќе биде жртва на несакан ефект од вакцината, тогаш товарот не паѓа на државата, туку на родителот.

„Таа истата држава кога ќе му се случи нешто на моето дете како последица од вакцината ќе ја снема. Прво, нема да признае дека тоа е од вакцината, а да не зборуваме за трошоци за лекување. Второ, јас сакам да си одлучам дали моето дете ќе заболи од сипаници или ќе заболи од дијабетис или леукемија“, вели таа.

Фармацевтот Весна Башевска вели дека нема истражувања во Македонија кои се занимаваат со последиците од вакцинацијата.

„Не мора да постојат студии за да се покажат несаканите дејства. Отворете го упатството на кој било производител на вакцини и имате четири страни со наведени несакани дејства. Тие се веројатно докажани штом производителот ги ставил во своето упатство за употреба“, вели Башевска.

Законот налага задолжителна вакцинација на сите деца. Од Министерството за здравство сметаат дека вакцините се сигурни и дека со нив се спречуваат заразните болести.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG