Достапни линкови

Охриѓани бараат работни места


На денот на идеи на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, граѓаните помеѓу другото побараа отворање на нови работни места и изградба на нови фабрики.

На денот на идеи на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, граѓаните помеѓу другото побараа отворање на нови работни места и изградба на нови фабрики. Велат дека Охрид од водечки стопански град во Македонија во 80-те години на минатиот век сега е претворен во мртов град кој живее само два месеци во годината.
Охрид мора да го зачуваме и да остане Ерусалим и за светот. Потребно е да се отворат работни места пред сè за младите. Тие млади кога ќе ги вработат ќе му дадат многу поубави идеи на премиерот.

„Охрид мора да го зачуваме и да остане Ерусалим и за светот. Потребно е да се отворат работни места пред сè за младите. Тие млади кога ќе ги вработат ќе му дадат многу поубави идеи на премиерот. Нема перспектива, фабриките се уништени тотално. Тоа го знае секој, не се срамам и не се плашам, вистината е таа. Треба да вложиме и во туризмот, да се изградат хотели, народот да се вработи, градот да почне да живее. Треба да се види дека нешто се работи, потоа и други ќе дојдат и ќе инвестираат овде“, вели еден охриѓанец.
Обично тие идеи кои се реално остварливи ги ставаме во програмата.

„Во Охрид порано имаше многу фабрики, беа вработени околу 7000 луѓе. Сега нема ништо, а и работа нема. Фабриките кои беа јаки сега се затворени. Партиите без разлика која е треба да направат да има вработеност во Охрид. Порано кога ќе завршеа со работа, цел град излегуваше од фабриките, а сега нема ништо. Охрид е сега мртов град“, вели негов сограѓанин.

Имаше и идеи поврзани со развојот на образованието во Охрид.

„Како граѓанин на Охрид дадов идеја во воспитно образовната сфера и тоа за економското училиште. Тоа е стар објект граден пред повеќе од 50 години и како таков тој мора да се реновира и јас мислам дека за напредокот на нашиот град во таа сфера треба да се изгради плус уште еден спрат. Со тоа би се отвориле можности за отворање на нови паралелки во сферата на економијата и медицината. Тоа ќе повлече отворање на нови работни места“, вели граѓанин на Охрид.

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, рече дека сите идеи кои биле напишани писмено ќе бидат директно доставени до владата. Според него, на еден ваков Ден на идеи се појавила идејата граѓаните да го откупат дворното место за 1 евро по метар квадратен и да станат трајни сопственици на земјата.

„Обично тие идеи кои се реално остварливи ги ставаме во програмата“, вели Михаилов.
XS
SM
MD
LG