Достапни линкови

Турски тинејџер почина од повредите добиени на ланските протести


Турскиот тинејџер Беркин Елван кој беше тешко повреден од полицијата, за време на минатогодишните демонстрации во Истанбул, умре денеска во болница, девет месеци по трагичниот инцидент.

Шеснаесет годишниот Елван беше погоден во главата, од канистер со гас-солзавец испукан од турската полиција, кај Гези Паркот. Од ударот на канистерот, момчето остана во кома, состојба од која не успеа да се спаси.

Елван е осмата жртва од масовните, антивладини демонстрации што минатата година почнаа како еколошки протест поради намерата на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган да го растури стариот истанбулски парк.
XS
SM
MD
LG