Достапни линкови

Украина - Турчинов бара мобилизација на резервистите


Привремениот претседател на Украина Олександр Турчинов повика на формирање национална гарда и мобилизација на резервисти и волонтери во вооружените сили на земјата.

Турчинов побара од парламентот да одобри одлуката со која припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе можат како гардисти да ја бранат земјата и граѓаните од криминалци и од надворешна и внатрешна агресија.

Премиерот Aрсениј Јатсенијук пак, изјави дека со договор од 1994 Украина се согласи да се откаже од своето советско нуклеарно оружје со што западните сили се обврзаа да го бранат суверенитетот на Украина.
XS
SM
MD
LG