Достапни линкови

logo-print

Самото неучество на ДУИ го доведува во прашање легитимитетот на изборите, изјави Ермира Мехмети од оваа партија.

Самото неучество на ДУИ го доведува во прашање легитимитетот на изборите, изјави Ермира Мехмети од оваа партија. Нејзиниот коментар уследи по вчерашната изјава на Бујар Османи дека таа партија ќе стори сè изборите да не успеат.
Доволен е самиот факт што на тие претседателски избори нема да учествува најголемата етничка заедница по Македонците, значи Албанците. Тоа покажува дека изборите нема да бидат целосно легитимни.

„Доволен е самиот факт што на тие претседателски избори нема да учествува најголемата етничка заедница по Македонците, значи Албанците. Тоа покажува дека изборите нема да бидат целосно легитимни, без разлика што помалите опозициски партии на Албанците, поради нивни политички интереси, одлучија да учествуваат на изборите, тоа нема да им даде целосен легитимитет“, вели таа.

Многу се погоди дека вториот круг на претседателските избори ќе биде точно на денот на вонредните парламентарни избори и нема никаков проблем да биде постигнат цензусот.
Меѓутоа, дел од експертите наведуваат дека последните случувања на политичката сцена се со цел собирање политички поени од граѓаните пред претстојните избори. Грешките на политичките партии со години се повторуваат и после толку коалиции не успеаја да бидат појасни во нивните кампањи, вели професор Назми Малиќи.

„Мислам дека за гласачите ќе има доста нејасни пораки затоа што во време кога Македонија треба да биде членка на НАТО, треба да се унапредува во делот на социјалната политика, пораките дали ќе има блокада на системот, кој повеќе ќе добие власт не се добро подготвени платформи со јасни проекти да се конкурира на овие избори“, вели Малиќи.

Според професор Никола Дујовски, најавите за чекорите што ги планира ДУИ нема да успеат.

„Многу се погоди дека вториот круг на претседателските избори ќе биде точно на денот на вонредните парламентарни избори и нема никаков проблем да биде постигнат цензусот. Тоа е институцијата број еден во државата, тука нема преговори и добро е што целиот албански електорат не мисли како што мисли владејачката партија“, вели Дујовски.

ДУИ освен што ја потенцираат важноста на идејата за консензуален претседател, бараат промена на Уставот со цел во иднина претседателот да се бира во Собранието.

Експертите коментираат дека за таквата идеја треба да се развие дебата во иднина, а Малиќи вели оти идејата претседателот да се бира во Собранието не е непозната, потсетувајќи дека во првиот парламентарен состав поранешниот претседател Глигоров беше избран во Собранието.

„Таков систем ние имавме, Собранието го бираше претседателот“, вели Малиќи.

„Мислам дека нема проблем да се согласат политичките партии дека изборот на претседателот зависи од функцијата или овластувањата што тој ги има. Тие во моментов се повеќе протоколарни и затоа можеби треба да се развие таква дебата во иднина“, изјави Дујовски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG