Достапни линкови

logo-print

Кримскиот парламент донесе декларација за независност


Про – руските пратеници на Крим, кој сега е окупиран од руските сили, ја одобрија декларацијата за независност предвесник на референдумот за спојување на регионот со Русија кој треба да биде одржан во недела.

Во декларацијата се вели дека ако жителите гласаат за пристапување на Крим и градот Севастопол кон Русија, Крим ќе биде прогласен како независна република. Седумдесет и осум од 81 присутни пратеници гласаа за декларацијата.

Во меѓувреме, Украинскиот парламент го предупреди парламентот на Крим дека се соочува со распуштање, доколку не се откаже од референдумот. Западните земји и новата влада во Киев најавениот референдум го прогласија како нелегитимен.
XS
SM
MD
LG