Достапни линкови

logo-print

Министерот Попоски утре во Берлин


Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе престојува во Берлин каде што ќе се сретне со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмајер. Како што соопшти МНР Попоски ќе има обраќање во Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Предвидено е Попоски да има средби и со советниците за надворешни работи и за европски прашања на германската канцеларка Ангела Меркел, како и работен брифинг во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер.
XS
SM
MD
LG