Достапни линкови

Јанукович и натаму тврди дека е лидер на Украина


Соборениот украински претседател Виктор Јанукович денеска повтори дека се уште бил лидер и командант на вооружените сили на Украина.

Во кратка изјава во рускиот град Ростов на Дон, тој рече дека е сигурен дека вооружените сили ќе одбијат да извршат криминални наредби и најави дека има намера да се врати во Киев кога ќе се подобри безбедносната ситуација.

За Јанукович, претседателските избори во мај се нелегални, а актуелната власт во Киев ја нарече неуставна хунта.

Според него Крим ќе се отцепи од Украина поради погрешните акции на ,како што рече, "екстремистите" кои се сега на власт. Јанукович по три месечните анти владини протести во Киев избега од Киев.
XS
SM
MD
LG