Достапни линкови

logo-print

Делегација на ПССЕ во посета на Македонија


Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа предводена од Стефан Шенак, денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија по повод претстојните претседателески избори.
Предвидени се средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како и со министрите за внатрешни работи и за информатичко општество и јавна администрација, Гордана Јанкулоска и Иво Ивановски.
Делегацијата од Советот на Европа ќе има средби и со претседателските кандидати, со претседателот на Државната изборна комисија, со македонската делегација во ПССЕ, со членови на дипломатскиот кор, како и со претставници на меѓународните организации, граѓанското општество и медиумите.
Претседателските избори закажани за 13-ти април годинава ќе ги набљудува делегација на ПССЕ составена од 21 член.
XS
SM
MD
LG