Достапни линкови

logo-print

Не е добро често да имате избори, зaшто сето тоа чини, велат економските познавачи. Од една страна е буџетската издашност, од друга страна е вакуум просторот од неколку месеци за кампања, избори, формирање на влада, а од сето тоа ќе трпи бизнисот, а тука е и пораката која ќе се испрати до инвеститорите.

Вонредните избори се лоша вест за економијата, затоа што искуството покажува дека изборните процеси ја забавуваат, велат аналитичарите. Од една страна е буџетската издашност, односно колку пари ќе се потрошат, од друга страна е вакуум просторот од неколку месеци за кампања, избори, формирање на влада, а од сето тоа ќе трпи бизнисот, а тука е и пораката која ќе се испрати до инвеститорите, велат упатените.
Честите избори се како да варосувате дома секоја недела, затоа што така ви текнало после кавга со жената, си варосуваш за да си го освежиш бракот. И ако секоја недела молерисувате ќе останете без јадење. Ние некако се навикнавме секоја година да имаме избори и затоа остануваме без јадење.

Не е добро често да имате избори, зашто сето тоа чини, вели економскиот аналитичар Зоран Витанов, притоа дава сликовита споредба.

„Честите избори се како да варосувате дома секоја недела, затоа што така ви текнало после кавга со жената, си варосуваш за да си го освежиш бракот. И ако секоја недела молерисувате ќе останете без јадење. Ние некако се навикнавме секоја година да имаме избори и затоа остануваме без јадење. Една од причините зошто сиромаштијата галопира во Македонија е и тоа што заедничките пари наместо да се трошат продуктивно, властите ги трошат за нивни лични потреби. Македонија тоа не може да го издржи“, вели Витанов.

Изборите влијаат и на стопанството, без разлика какви и да се, од нив трпи и бизнисот, вели Арбен Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Во голема мера трпи и бизнис заедницата, затоа што, за жал, тие нивни краткорочни и долгорочни планирања не се во состојба да ги реализираат до крај поради фактот што секоја промена на локалната или на централната власт автоматски се рефлектира и на бизнис климата во земјата.

„За жал, честите избори што ги имаме во земјата директно се рефлектираат на економската политика во земјата, а со тоа и на политиките за водење бизнис. Во таа насока во голема мера трпи и бизнис заедницата, затоа што, за жал, тие нивни краткорочни и долгорочни планирања не се во состојба да ги реализираат до крај поради фактот што секоја промена на локалната или на централната власт автоматски се рефлектира и на бизнис климата во земјата“, вели Халили.

Освен тоа со честите избори се испраќа порака до инвеститорите дека земјата е нестабилна, а никој не сака да вложува во нестабилна земја, вели Халили.

Гувернерот на Народната банка Димитар Богов, пак, вели дека претстојниот изборен циклус при една цивилизирана кампања нема да предизвика позначајни турбуленции. Според него движењата во македонската економија се доста поволни оти, како што вели, има нагорен тренд на економијата, подобрување на кредитниот раст и зголемување на депозитната активност во банките.

Популистичката политика во земјава трае со години. Властите пред избори им се додворуваат на пензионерите, на земјоделците, на ранливите групи за да излезат да гласаат, но цехот на крај мора да се плати, вели Витанов.
Претстојниот изборен циклус при една цивилизирана кампања нема да предизвика позначајни турбуленции.

„Јасно е дека црно и горко му се пишува на тој премиер што ќе остане после изборите. Но особено црно и горко ќе биде кога Македонија ќе добие нов премиер, оти тогаш ќе се отворат реално сите книги, без штимање и без шминкање, е тогаш ќе имаме сериозно плачење во државата. Овие избори економски гледано се тотално промашување и навистина штетни за економијата во земјата“, вели Витанов.

Партиското одмерување на силите ја чини државата. Покрај планираните четири, Државната изборна комисија од Владата побара дополнителни два милиони евра, за покривање на сите трошоци за претседателските избори. Предвремени парламентарни кои не се предвидени во буџетот, се дополнителен трошок. Според ДИК, ќе им требаат уште најмалку 1,5 милиони евра за избор на народни пратеници.

Претстојните избори се уште една буџетска издашност. Државата за само месец и половина потрошила половина од буџетскиот дефицит или 141 милион евра повеќе отколку што успеала да собере пари од даноци и други давачки, покажуваат податоците од финансискиот извештај на министерството за финансии. (Од 1 јануари до 14 февруари 2014, владата имала 245,2 милиони евра приходи, а 386,7 милиони евра расходи, што значи дека е покуса за 141 милиони евра). Ако се погледнат буџетите од претходните два изборни циклуси, се забележува дека најголемите дефицити владата ги прави токму пред избори, и дека секои наредни избори се трошат сè повеќе пари што ги нема, односно треба да се обезбедат со задолжување.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG