Достапни линкови

logo-print

Светската банка ќе понуди 3 милијарди долари за Украина


Светската банка е подготвена оваа година да понуди 3 милијарди долари за Украина за унапредување на реформите и поддршка на проекти кои се од клучно значење, соопштија од организацијата.

„Ние сме посветени на поддршката на народот на Украина во овие тешки времиња и многу се надеваме дека ситуацијата во земјата ќе се стабилизира наскоро, соопшти вчера во Вашингтон, претседателот на банката Џим Јонг Ким.

Банката вели дека клучни приоритети се враќање на макроекономската стабилност во земјата, поддршка за зајакнување на банките, реформи во енергетскиот сектор и сериозно справување со корупцијата. Помошта од 3 милијарди долари за оваа година е дел од повеќегодишна програма за Украина во вкупна вредност од околу 3,7 милијарди долари, со што ќе се пружи поддршка за развојот на клучни инфраструктурни услуги, вклучувајќи снабдување со вода, канализација, електрична енергија и патишта.
XS
SM
MD
LG