Достапни линкови

Амнести интернешенел - режимот на Асад изгладнува цивили


Силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад го изгладнуваат цивилното население и гладтта ја користат како оружје, соопштуваат од Амнести интернешенел.

Од организацијата за човекови права со седиште во Лондон велат дека силите на Асад извршиле воени злосторства со тоа што изгладнувале до смрт палестински и сириски цивили во бегалскиот камп Јармук кој се наоѓа надвор од Дамаск.

Во извештајот објавен вчера, се наведува дека во кампот загинале речиси 200 луѓе, претежно од глад, откако владините сили воведоа целосна блокада таму во јули минатата година.

Во кампот под блокада има уште околу 20 илјади цивили. Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци, соопшти дека веќе девет дека не се во можност да испорачаат хуманитарна помош за бегалскиот камп поради континуираните борби.
XS
SM
MD
LG