Достапни линкови

Мистеријата за малезискиот авион останува


Властите сè уште немаат информации во врска со исчезнувањето на патничкиот авион со 239 патници што полета од Куала Лумпур кон Пекинг пред три дена. Малезија вчера двојно ја зголеми областа каде што се бараат остатоците од авионот, но сè уште нема траги од леталото што исчезна над Јужното Кинеско Море во саботата. Спасувачки тимови од девет земји го пребаруваат Јужното Кинеско Море и Малачкиот Проток. Виетнам испрати бродови да проверат нешто што наликувало на метални делови. Во меѓувреме, инспекторите ја засилуваат истрагата за двајцата луѓе што се качиле во авионот со украдени пасоши од Италија и Австрија. Исчезнувањето на авионот ја зголеми загриженоста дека би можело да биде бомбашки напад или киднапирање.
XS
SM
MD
LG